Најчевска: СДСМ е во потполност моделирана од страна на ДУИ

„Проблемот со владеењето на ДУИ е во тоа што ниту еден член на партијата (и посебно на раководството) не одговара за било какво прекршување на законите. Едноставно правото не важи за членовите на ДУИ.



Меѓутоа уште поголем проблем е тоа што во секоја структура во која ќе влезе ДУИ тоа ги гази и уништува сите професионални и некорумпирани кадри. На тој начин овозможува на површина да испливаат најкорумпираните и најнепрофесионалните кадри од сите политички партии.

Кога беше на власт со ВМРО-ДПМНЕ успеа да го промовира најголемиот шлајм на оваа партија.

Денес истото тоа го прави со СДСМ. Се што е професионално и некорумпирано мора да биде казнето за да се создаде погодна почва за процвет на криминалот.

Денешната владејачка структура на СДСМ е во потполност моделирана од страна на ДУИ и по својата непрофесионалност и корумпираност е соодветен партнер на ДУИ.

За да се извлечеме од ова мора да ги отстраниме ДУИ од власт. Тоа не може да го направи ниту една актуелна политичка партија.

Заради тоа е потребна технократска влада која ќе ги воспостави параметрите на владеењето на правото и ќе овозможи функционирање на мерит системот. Без тоа едноставно на владејачка позиција секогаш одново и одново ќе доаѓа најлошото од секоја партија“.

Објава на Фејсбук на професорката Мирјана Најчевска