Само во квази држави во кои владеат корумпирани партиски елити амбасадорите си дозволуваат ваков настап и ваков речник, реагира професорката Мирјана Најчевска на обвинувањата на австрискиот амбасадор во земјава дека австрикска компанија не може да наплати над 4 милиони евра долг од приватна фирма блиска на екс-премиерот Зоран Заев.
„Во Македонија не може да дојдат никакви инвестиции се додека не станеме држава со која владее правото а не племенските водачи како Заев и компанија.
Ќе доаѓаат само сиви и црни зделки кои рачунаат на беззаконието во државата.
Секој кого ќе го допре шугавата рака на ДУИ станува заразен“, пишува најчевска.







