1. „Нема што Регулаторната комисија да ги повикува граѓаните да поднесуваат претставки“, порачува професорката Мирјана Најчевска окако РКЕ ги повика скопјани да поднесуваат жалби против компаниите доколку немаат парно греење,какошто е случај во Бутел, Чаир, Топанско Поле и Скопје Север.
  2. Најчевска потсетува на одредбите од Законот за енергетика каде стои:
  1. Регулаторната комисија за енергетика како правно лице има правна способност самостојно да настапува во правниот промет, особено кога склучува договори, поведува или е страна во правни постапки.Значи, ваквиот повик е замајување на јавноста.

2. Задача на Регулаторната комисија е: “заштита на потрошувачите и унапредувањето на ефективната конкуренција, со цел потрошувачите да имаат корист од ефикасното и конкурентното функционирање на пазарите на енергија во Република Македонија и достигнување на високи стандарди во исполнување на обврската на јавната и/или универзалната услуга во снабдувањето со електрична енергија, природен гас и топлинска енергија и придонесување во заштитата на ранливите потрошувачи.Значи, секое префрлање на обврските врз граѓаните значи дека тие кои се дебело платени за вршење на оваа функција не ја вршат.



3. Според Законот за енергетика: Ако при следењето на состојбите и функционирањето на пазарите на енергија во согласност со членот 25 од овој закон, Регулаторната комисија за енергетика утврди неправилност, донесува одлука со која се наложува преземање на соодветни задолжителни мерки, вклучително и забрана на конкретното однесување на вршител на енергетска дејност, со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето, ефикасно, конкурентно и недискриминаторно функционирање на пазарите на енергија, како и заштитата на правата на потрошувачите и корисниците на енергетските системи. Во одлуката се наведуваат мерките коишто треба да бидат преземени од страна на вршителот на енергетска дејност, како и роковите во кои треба да бидат преземени овие мерки и обврската за доставување на извештаи за преземените мерки.

Значи, задача на Регулаторна и нејзините дебело платени варботени е да ги заштитат граѓаните.

Институциите вредат толку колку што вредат луѓето во нив.

Регулаторната комисија во моментов е една од најскапо платените комисии со вредност нула“ напиша Најчевска.