„Бугарија не била окупатор во Втората светска војна и не била дел од фашистичките сили.
Не затворала, не тепала, не убивала туку ослободувала, администрирала и управувала.
Секое спомнување било каде и на било каков начин на Бугарија како окупатор кој затворал, измачувал и убивал ќе се смета за говор на омраза.
Секое спомнување на револуционери кои се бореле за независна и самостојна Македонија ќе се смета за говор на омраза.
Секое негирање на бугарското потекло на било кој деец, преродбеник или револуционер од Македонија ќе се смета за говор на омраза.
Негирањето на Сан Стефанска Бугарија ќе се смета за говор на омраза.
Тоа е резултатот или грешам?
Во Македонија има Бугари (како државотворен народ) и како такви ќе бидат впишани во Уставот, македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот кој ние во Уставот си го нарекуваме македонски јазик, а Македонци не постојат и затоа не може да има македонско малцинство во Бугарија.
Точно? Или нешто погрешно сум разбрала“?
Фејсбук статус на професорката Мирјана Најчевска






