Професорката Мирјана Најчевска реагира на веста дека малолетник украл автомобил за што го признал делото и „предвидува“ каква казна би му следувала:
„Според новиот Кривичен законик помала казна ќе добие ако е дел од злосторничко здружување отколку вака сам да позајмува автомобили.
Мислам дека се спремаат да отворат во Собрание школа за обука како да се стане мафијаш.
Може и нов предмет ќе воведат“ – коментира иронично Најчевска.







