Професорката Мирјана Најчевска потсетува дека моменталната функција на Талат Џафери е технички премиер што е „измислена“ функција и прашува во кое својство тој патува вон странѝтво.
„Според 43 од законот : Сто дена пред одржувањето на избори за пратеници, Собранието на Република Македонија ќе избере преодна Влада ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ.
Значи тоа не е вистински премиер туку наменска функција измислена во период на рушење на еден режим која вештачки се одржува исто како и Охридскиот рамковен договор.
По кој основ Џафери се шета по светот, лажно се претставува и ги троши парите на граѓаните“.






