„Не е проблемот да платам 50, 100, 200 евра.
Проблемот е многу суштински и страшен.
Проблемот е што актуелната власт со овој чин испраќа порака дека воопшто не ја разбрала симболиката. Не разбрала за што станува збор. Дека само фингирале дека се дел од прекрасниот народ кој излезе на улица со единствена цел да бидат калиф наместо калифот“ пишува професорката Мирјана Најчевска на која ѝ е изречена казна од 200 евра за фрлање боја  за време на таканаречената „шарена револуција“.



Казната предизвика лавина реакции на социјалните мрежи па дури и иницијатива Најчевска да не ја плати казната, туку активисти да го соберат потребниот износ и со тоа да испрат порака до актуелната власт.

Во подолгиот статус на нејзиниот Фејсбук профил Најчевска вели:

Можеби грешката е во нас.
Можеби симболиката беше преапстрактна за малите умови кои само сакаа да влезат во чевлите на претходникот.
Можеби идниот пат кога ќе излеземе на улица наместо да фрламе боја на институциите ќе биде подобро да истуриме кофи со лајна врз нив самите. Врз политичарите.

Можеби тоа ќе го разберат. Можеби тоа е повеќе на нивото кое им е блиско и препознатливо“ пишува Најчевска.

https://www.facebook.com/MNajcevska/posts/10215080342976821