Најчевска: Османи оди во Индија, понашетан министер немам видено

Професорката Мирјана Најчевска реагира на информацијата дека шефот на македонскта дипломатија Бујар Османи, денес и утреќе престојува во дводневна официјална посета на Индија.



„Понашетан министер за надворешни работи нема ниту една држава на светот.

Кога бев во Прага го следев патувањето на Чешкиот министер за надворешни работи.

Може вода да му носи на нашиов. Мислам дека до сега има потрошено барем 10 возила за прва помош.

Самиот тој. Без фотографот и свитата“, вели Најчевска во објава на Фејсбук.

Инаку како што е јавено, покрај средбaта со министерот за надворешни работи на Индија, Субраманјам Џаишанкар, Османи ќе се сретне со потпретседателот на државата, Џагдип Данкар, заменик советникот за национална безбедност на Премиерот, Шри Викрам Мисри, како и со други високи државни претставници.

Целта на посетата е унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Индија, со посебен акцент на можностите за зајакнување на економската соработка и бизнис релациите. Воедно, ќе бидат разменети мислења за актуелните состојби во европскиот континент и Индо – Пацификот, надворешно – политичките приоритети на двете земји, како и актуелни меѓународни прашања и регионални теми.

За време на престојот во Индија, Османи ќе ја посети Калкута, каде ќе оддаде почит на животот и делото на Мајка Тереза…