„Како тоа нема прекршување на законите туку само на етичкиот кодекс“, реагира професорката Мирјана Најчевска на изјавата на вицепремиерката Славица Грковска, задолжена за политики на добро владеење која признава дека министерот за надворешни работи Бујар Османи, злоупотребил службени возила за партиски цели, но дека не може да се справи со оваа ситуација бидејќи според правните акти ова било самосе води само како прекршување на етички кодекс.
„Османи го прекршил Изборниот законик, а може и кривично да се гони. Ама, кој да гони кадар на ДУИ?
Се гонат само професионалци и некорумпирани кои не влегуваат во мафијашките шеми на ДУИ и шлајмот кој го изнедрија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по интимните врски со ДУИ.
Срамно и недолично е веќе секое оправдување за криминалите кои ги прави ДУИ.
Навистина некогаш не можам да си објаснам ете на сабајле кога ќе се погледнете во огледало, како си се оправдувате?
Сигурно има некои механизми кои им се познати само на политикантите“ пишува Најчевска.







