Протестот е право се додека има суштинска улога во процесот на одлучување. Луѓето кои протестираат не се кучиња кои лаат додека минува карванот туку незадоволни граѓани од решенијата на власта чиј глас треба да се слушне, потсетува на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска.
Министерката (МТСП Тренчевска – н.з.) која одбива да разговара со граѓаните треба веднаш да биде разрешена од функцијата и да ја заврши политичката кариера за секогаш.
Од линеарното зголемување имаат корист 95% од пензионерите.
Бидејки во време на ВМРО не се вршело законски предвиденото усогласување на пензиите сега треба да се направи усогласување наназад (како што си направија функционерите за своите плати) и на пензионерите да им бидат исплатени сите средства украдени од нив.
Како тоа зголемувањето на пензиите ќе го дестабилизира системот, а зголемувањето на функционерските плати нема?