Професорката Миртјана Најчевска предупредува дека во моментов во Македонија се случува отворена дискриминација под плаштот на воведување правична застапеност на етничките заедници кои во минатото, како што вели, биле дискриминирани:
„Во ситуација која една етничка заедница била долги години дискриминирана (посебно по основ на образование и вработување во администрација) и заради тоа немала соодветни кадри во институциите, станува многу проблематично поставувањето на раководни позиции несразмерно на оваа ситуација голем број припадници на оваа етничка заедница.
Тие ниту имаат доволни знаења и вештини, ниту пак соодветно искуство.
Најдобар начин на борба со дискриминацијата би бил постепено зголемување на бројките на образувани и искусни луѓе од конкретната заедница кои ќе ги поминат сите кариерни скалила.
Во спротивно се создава привид на недискриминација, а целата држава е изложена на незнаењето и неискуството на овие кадри.
Дури се оди и во другата крајност, и со цел прикривање на сопственото незнаење се симнува нивото на знаење на сите околу нив и често се прибегнува кон дискриминација на оние кои знаат и имаат искуство“, вели Најчевска во објава на Фејсбук.






