„Ова со реакциите на различни демонстрации и блокирање на улици многу ме потсетува на ситуација пред каса кога некој се буни затоа што е измамен, а тие што чекаат зад него се бунат што ги задржува“, реагира професорката Мирјана Најчевска во врска со „различните реакции“ на блокадата на приватните превозници во Скопје кои бараат Градот да им исплати над 1,5 милион евра пари од кои – егзистираат.
„Некако имам впечаток дека е избришан било кој облик на солидарност меѓу граѓаните.
Излегуваат да протестираат излажаните од извршители – нема солидарност.
Излегуваат лекари – нема солидарност.
Излегуваат полицајци – нема солидарност.Излегуваат текстилци – нема солидарност.
Излегуваат наставници – нема солидарност.
Излегуваат земјоделци – нема солидарност.
Секој си гледа во своето мало ограничено кругче.
Ете така граѓаните стануваа плен на државната мафија“, вели Најчевска.







