Најчевска: Нека ми покаже Таравари еден единствен документ од СФРЈ во кој албанскиот јазик е на ниво на македонскиот

Професорката Мирјана Најчевска реагира за најавата од в.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, дека услов за внесување на Бугарите во Уставот ќе биде бришење на одредбата од 20 проценти за официјална употреба на албанскиот јазик, односно „да бидат рамноправни македонскиот и албанскиот, како што биле во официјална употреба во Југославија“.