Професорката Мирјана Најчевска реагира на изјавата на лидерот на АА, Арбен Таравари, (кој преговара за влез на неговата партија во Влада) дека доколку биде загрозена европската перспектива на Македонија, тогаш можно е да се случи радикализација на албанските партии во земјава.
И овој ќе влезе во власта и на оваа партија ќе и дадете да води министерства?
Па овој треба за ваква изјава да се гони кривично за поттикнување на етничка и национална омраза и повикување на насилно рушење на уставниот поредок“, напиша Најчевска на Фејксбук.







