Професорката Мирјана Најчевска ја поздравува изјавата на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Жозеп Борел клој во ЕП рече дека „треба да може да се критикуваат постапките на Израел без обвинувања дека таквата критика значи омраза кон Евреите и антисемитизам“.



Во тој контекст, Најчевска направи паралела и вели:

„Во Македонија, треба да биде можно да се критикуваат функционерите од албанската етничка заедница без обвинувања за албанофобија.

Посебно кога станува збор за банда криминалци кои го уништија поимот за владеење на правото и се исмејуваат со демократијата“, објави на Фејсбук Најчевска.