Пофесорката Мирјана Најчевска со реакција на информацијата дека Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) констатирала неправилности и препорачала државата да ги врати парите за проект од 2015 година (времето кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ) вреден 660 000 евра за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Мене во моментов не ме интересира што правела ВМРО кога била на власт.
Ме интересира што прави СДСМ сега кога е на власт.
Ме интересира зошто некој од надвор би требало да ни кажува за проневерени пари од државни институции.
Па нели зради тоа ја симнавме од власт ВМРО и тие кои дојдоа по нив дојдоа со ветување дека ќе ги истражат сите криминали, ќе ги казнат криминалците и ќе ги повратат парите.
После 7 години на власт мора да дојде некој од надвор за да ја заврши нивната работа?
Па уште и се фалат со сопствената неспособност“, вели Најчевска во објава на Фејсбук.






