Професорката Мирјана Најчевска прашува каде може да се најде кои услови треба да ги исполни и која е надлежноста на „Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи“ на која е именуван Марјан Забрчанец, до неодамна посебен советник за односи со јавност на премиерот на Македонија.



„Некогаш добивам впечаток дека во Македонија не постојат функции со конкретна надлежност и задачи кои ги пополнуваме со луѓе кои можат да ги извршат предвидените задачи, туку измислуваме функционерски места за конкретни луѓе кои може, но не мора да имаат било каква надлежност или конкретни задачи.

Потребата од одредена работа не е суштински елемент на функцијата“, пишува Најчевска на Фејсбук.