Професорката Мирјана Најчевска бара оставка од првиот вицепремиер Артан Груби.
„Мислам дека е време Артан Груби да поднесе оставка на функцијата министер. Не смее да се задоволиме само со некоја бесмислена казна за неносење маски.

Позицијата носи права и одговорности. Правата ги видовме. Време е да ја видиме и одговорноста“, напиша професорката Мирјана Најчевска на својот фејсбук профил.






