Најчевска: Народот да удри по власта и мафијата, кои ја заробија државата, а не да се кара за 5 денари на пазар со бабите!

„Овој народ е многу интересен: до крв ќе се кара за пет денари на пазар со некоја кутра баба, а во меѓувреме нема ни да трепне кога од државната каса се одливаат милиони евра, во кои се и неговите пари. Ајде, бре, престанете да мавате по самарот и удрете малку по магарето!“ порачува преку својот фејсбук-профил универзитетската професорка Мирјана Најчевска.



Натаму, таа пишува: Во ЕУ не можеме ни да помислиме да влеземе не поради тоа што Бугарите не се во Уставот, туку поради тоа што државата е заробена од мафијата, која соработува супер со сите, кои ќе дојдат на власт.

Ова не го гледа Јавниот обвинител, ни државниот правобранител, ни Ревизија, ни …

Да пробаме да ги промениме оние, кои доаѓаат на власт? Што мислите?