Професорката Мирјана Најчевска реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски кој побара директорите да ја проверуваат имотната состојба на нивните вработени.

Наместо да се проверува имотот на функционерите, ќе го проверуваат имотот на администрацијата – вели Најчевска.
Наместо да се стават во затвор мафијашите од ДУИ, ќе ја отпуштат Перса дактилографката.
Наместо да одговараат сите оние кои ги злоупотребија законите за лична корист (за што постојат јасни и гласни ревизорски извештаи) ќе дигаат прашина и ќе плашат ситна боранија.
Која политичка перверзија.
Како што реков, потребна ни е технократска влада за да се врати сета оваа гамад под камењата од под кои исползе пред 30 години“, објави Најчевска на Фесбук.






