Најчевска: На Македонија ѝ се случи озаконување на криминалот на власта

Донесувањето на измените во Кривичниот законик е најстрашното нешто што и се случило на Македонија од осамостојувањето до денес, оценува професорката Мирјана Најчевска.



„Пострашно од сите криминали на сите функционери и пострашно од конфликтот од 2001 година.

Ова е озаконување на криминалот на власта. Секој криминал кој ќе биде направен од позиција на власт, секое крадење од државата, секое поткупување на судии и јавни обвинители, секоја изборна манипулација, секоја проневера на државни пари е амнестирана.

Мислам дека граѓаните не се свесни што е направено во моментов.

Криминалците го завршија освојувањето на државата.

Криминалците во власта можат да прават што сакаат и за тоа да не одговараат.

Нека не ве лажат со конфискации на имот.Прогласена е потполна неодговорност на секој кој ќе дојде на власт.

Мафијата регистрирана како партија ДУИ успеа да ги анектира СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и Левица и НСДП и Алтернатива и Алијанса и партијата на Турците и партијата на пензионерите и партијата на Србите и … во своите редови.

Сега имаме една огромна мафија.

Ако го сакате тоа останете со нив.Има излез. Ама треба да имаш три чисти да се спротиставиш на мафијата.

Или да си побегнеш од државата.Нема трето.Сега имаме една мафија“ вели Најчевска во објава на Фејсбук.