Професорката Мирјана Најчевска реагира на „информациите“ дека Ковачевски ѝ ја нуди и премиерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ, ако опозицијата има човек што ќе застане зад уставните измени.
Според владини извори, Ковачевски смета дека треба да остане на премиерската функција и до крај да го спроведе процесот на уставни измени, но во интерес на евроинтеграциите, освен пет ресори е подготвен на Мицкоски да му ја отстапи и премиерската позиција во преодната Влада, кој потоа би го спровел процесот докрај.
„Ова со пазарењето со функции, премиерско место, пратеници, директорски места, амбасадори… не значи ништо друго освен дека на чело на државата се наоѓаат пазарџии-препродавачи кои не знаат ништо друго освен да купуваат и препродаваат, да подметнат расипано овошје на дното од канчето, да излажат за да ушичарат два грама…
Тоа им е нивото.
Не, се ова државници.
Ова се обични препродавачи“ – објави на Фејсбук Најчевска.






