Професорјката Мирјана Најчевска објаснува пред кого одговараат членовите на владата и премиерот и кому споменатите поднесуваат оставка, во контекст на најавените оставки на министрите на ДУИ кои најавија дека ќе депонираат оставки кај премиерот Димитар Ковачевски, а кои ќе биле со одложенои дејство:
Според член 219 од Деловникот на Собранието на Македонија (https://www.sobranie.mk/…/DelovniknaSRMPrecistentekstAv…):
(1) Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка.
…
(3) Оставката на член на Владата до претседателот на Собранието се поднесува преку претседателот на Владата.
…
(5) Оставката на член на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците.
Член 220 Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата.
Тоа значи дека:
1. Оставката не се поднесува до претседателот на Владата (премиерот) туку до претседателот на Собранието, а премиерот само ја трансферира оставката на членот на Владата.
2. Нема никакви условувања ниту пак расправа за оставката на член на Влада. Едноставно претседателот на Собранието ја става на дневен ред на наредната сеница и членот на Владата е разрешен.
Не знам што си замислуваат тие од ДУИ ама во државата највисок орган на управување пред кој се одговорни како министри е Собранието, а не Али Ахмети.
И Собранието едноставно сега треба да ги разреши од должност.
Јасно е дека законодавецот кој на други места дозволува различни правни модалитети овде не дозволил свесно играње со демократијата.
Значи, ако поднеле оставка треба да бидат разрешени на наредната седница на Собранието.







