Најчевска : Ковачевски, Маричиќ и Османи само се согласуваат со се што ќе кажат странците

„Не гледам Ковачевски, Маричиќ и Османи на било која од средбите кои ги имаат со претставници на други држави да ги претставуваат потребите и барањата и загрижите на граѓаните кои ги претставуваат. Тие само се согласуваат со сè што ќе кажат соговорниците и ја цинкарат опозицијата, пишува професорката Мирјана Најчевска коментирајќи ги средбите на македонските политичари со странските деновиве.
Имам впечаток дека странските државници веќе не се однесуваат кон нив како кон нерамноправен партнер туку како кон милениче кое го тапкаат по главата и го фалат кога ќе ја послуша командата од дресурата. Седи, лежи, моли, дај шепа, … Се разбира ова е за пред публика“, пишува Најчевска.