Професорката Мирјана Најчевска вели дека додавањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот „тоа само по себе ќе биде извитоперување на историјата“.



Таа на Фејсбук објавува од каде и кои народи се нашле во преамбулата, и дека „доставањето“ на Бугарите воопшто нема да одговара на историјата и фактите. 

„Кои се тие претци на Бугарите кои учествувале во создавање на македонската држава како самостојна и суверена?

Па целокупната историја укажува токму на спротивното, дека Бугарите од петни жили се труделе да нема самостојна и суверена држава Македонија“, пишува Најчевска.