Професорката Мирјана Најчевска реагира на веста дека власта брза со „европско знаменце“ да го протурка контровезниот предлог за измени на Кривичниот законик.
Со нив се предлага намалување на казната за делото „злоупотреба на службена положба и овластување“, се брише казната затвор од минимум 5 години за местење тендери, максималната казна затвор за „Злосторничко здружение” се намалува од 10 на 3 години, а се укинува и проширената конфискација за нелегално стекнат имот…
„Ете вака се гради правна држава – со намалување на казните за сите оние кои од позиција на власт направиле кривични дела.
На крај ќе биде казниво само продавањето штавел и крадењето до пет ќебапчиња“ – иронично коментира професорката.
„Криминалците од власта треба да бидат отстранети итно.
Со европско знаменце. Без дискусија“, пишува Најчевска на Фејсбук.






