Ова прашање го поставува професорката Мирјана Најчевска по изјавата на министерот за внатрешни, Оливер Спасовски, дека бунтот во Слупчане ќе се реши на ист начин како што беа решени и Арачиново и Сарај.
„Нека објават каков договор е склучен со жителите на Слупчане.
И многу ме интересира какви договори се направени во Сарај и Арачиново.
И зошто се прават посебни договори само во места каде што е мнозинско население од конкретна етничка заедница?
Мислам дека овде треба да се вмешаат неколку надзорни тела ако останал еден единствен човек во нив кој не е купен или заплашен“, напиша Најчевска на Фејсбук.







