Професорката Мирјасна Најчевска реагира на делот од владиното соопштение по вчерашната средба на премиерот Ковачевски со специјалниот претставник на германската влада за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин, според кое „носењето на уставните измени пред која е исправена земјава, како што беше нагласено, е одлука да се биде дел од ЕУ“.
„Каква врска има одлуката да се биде дел од ЕУ со внесувањето на Бугарите во Уставот? – прашува Најчевска.
„На пример одлуката да се промени Кривичниот законик на начин кој значи намалување на казните за сторени кривични дела од позиција на власт е спротивна на ЕУ интеграцијата.
Злоупотребата на европското знаменце е спротивна на ЕУ интеграцијата.
Неодговорноста на власта е спротивна на ЕУ интеграцијата“ наведува Најчевска.






