Професорката Мирјана Најчевска реагира на вчерашната информација дека партијата „Самоопределување“ на косовскиот премиер Албин Курти се приклучула на „Европскиот сојуз за промени“ опозицискиот блок на етничките Албанци во земјава, кој досега го сочинуваа, Беса, Алтернатива и Демократското девижење.
„Според нашите закони не може странска партија да учествува на избори, не може странски државјанин да биде на изборна листа и не може некој кој членува во друга партија освен таа која е носител на листата да биде на листа.
Така што не ми е јасно што им е идејата“, прашува Најчевска, а веројатно за тоа треба да се изјаснат надлежните институции.
Изет Меџити соопшти дека од вчера „….Европскиот сојуз за промени се состои од четири политички партии. Тоа значи дека во овие четири е и Самоопределување, тие ќе бидат дел од пратеничките листи, значи ќе има член, претставник на Самоопределување“.




