„Кој е тој податок кој ќе му наштети на проектот доколку стане јавен?



Процентот кој го зеле политичарите?

Или штетната зделка за државата?

Или неоправданите обврски кои ги презема државата“?

Ова е реакција на професорката Мирјана Најчевска на информацијата дека парламентарниот спикер треба да ги седне на иста маса координаторите на пратеничките групи кои требало да изградат став на која комисија ќе биде покажан договорот со „Бектел и Енка“, но само пред оние пратеници кои имаат безбедносен сертификат.

„Безбедносен сертификат е потребен за државна а не за деловна тајна.

Договорот во целост мора да го видат сите пратеници.

Не можам да замислам што е тоа што треба да се прогласи за деловна тајна во еден ваков договор и за сите граѓани“.