Најчевска: Како без плата живее градоначалникот на Центар

Професорката Мирјана Најчевска е загрижена по изјавата на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски кои рече дека често донира средства на граѓаните и дека ,„минатиот месец целата моја плата беше донирана за тешка операција за еден од нашите ученици“…



„Ако ја донира платата тогаш од што живее? – прашува Најчевска.

„Од некој бизнис кој го води? Ама според член 52 од Законот за локална самоуправа: Градоначалникот ја врши професионално својата функција. За време на вршењето на функцијата градоначалникот не може да врши друга професионална дејност.

Се прашувам од што живее градоначалникот ако ја донира целата плата? Еве на пример јас живеам од платата и ако ја донирам нема да имам друг приход.

Дали градоначалникот си има друг бизнис од кој има толку пари што може да ја донира платата? Од неговиот имотен лист не се гледа друг значаен извор на приходи…“ пишува Најчевска на Фејсбук