„Се уште мислам дека јас сум поспремна да бидам балерина отколку што се спремни да водат држава најголем дел од нашите досегашни и сегашни политичари (на сите нивоа на власта).
Толку се интелектуално ограничени што не разбраа ни зошто играв балет, ни што сакав да кажам со тоа ниту пак имаа шанси да се видат себеси во мојата изведба на смртта на лебедот“, пишува професорката Мирјана Најчевска на Фејсбујк.
Претходно, Најчевска во објава пишува:
„Добро, не ме примија за балерина во театар, премиерот не ме сака за советник за балет во Владата, а едно директорско место во средно балетско барем“ , саркастично забележува Најчевска.
„Па имам повеќе искуство од голем дел од министрите и заменици министри. Да не зборуваме дека сум и доктор по правни науки. Ваљда и тоа се брои“.






