Најчевска: Избраа човек отворено поврзан со ДУИ – не не бива!

За мене овој избор е само уште една цигла во зградата на мафијата која ја држи државата во заробеништво, реагира на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска во врска со изборот на новиот шеф на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази.



„Изборот на човек кој е отворено поврзан со ДУИ и за чиј избор отсуствуваат било какви објективни критериум зборува за недостатокот од критична маса на обвинители со елементарен интелектуален и морален капацитет и во секој случај е јасен показател за неспремноста на актуелната владејачка структура за вистинска борба со криминалот.

Изгледа ептен им се допадна работењето на Катица Јанева и се обидуваат да го етаблираат моделот на ново ниво. Што да ви кажам -не не бива, вели Најчевска.

Дополнително, во друга објава вели: “

„Сакам да слушнам врз основа на кои критериуми е избран новиот ЈО за организиран криминал.

И сметам дека сите ЈО кои гласале и го изгласале треба под итно да бидат разрешени со забрана за вршење должност“.