Професорката Мирјана Најчевска со кус коментар по објавите на многубројни рецепти за месење леб дома на социјалните мрежи и на некои медиуми, откако денеска рафтовите во продавниците останаа празни по одлуката на владата да ја замрзне цената на лебот, а пекарите ја остварија заканата:



„Потоа ќе ни покажат како се шијат алишта, како се правата кондури, па како се изработува телевизор, па како се чуваат децата дома наместо да одат во градинка, па како се лекува со чаеви наместо кај лекар.

И така насмеани ќе зачекориме во 17 век“, напиша Најчевска на Фејсбук.