„Кај нас се има историско значење.
Откуп на грозје – историски договор.
Изградба на градинка – историско достигнување.
Пуштање чешма – историски настан.
Чистење одводни канали – исторска активност.
Мини лизгалиште – за прв пат во историјата.
Ние ја живееме историјата, пишува професорката Мирјана Најчевска по објавата од владејачката партија дека “СДСМ и институциите што ги предводи покажаа вистинска грижа за лозарите и винариите, со реализација на мерки и политики, коишто даваат конкретни резултати. Низ партнерски однос и консултации е постигнато историско зголемување на откупните цени на грозјето за 30 отсто“.






