Професорката Мирјана Најчевска реагира на наводите дека реакциите во јавноста на тајновитоста околу договорот со „Бехтел и Енка“ за новите автопатишта наводно биле дел од добро смислена и организирана кампања во која се вклучени политичари, невладини организации, политички партии и медиуми кои имаат задача да го срушат кредибилитетот на американската компанија.



„Чекај, чекај.

Хистерија е ако бараш јавно да се објави договор кој го склучила државата?

Или хистерија е кога бараш да важат законите за сите исто?

Или е хистерија кога се бара почитување на демократските процедури во менувањето на легислативата?

Гонете се бре мафијаши од сите бои и вери и невери и партии и етнички групи“ – пишува Најчевска на Фејсбук.