Најчевска: Граѓаните имаат право да го видат текстот на Буџетот во подготовка

Добро, каде може да се најде целосниот текст на предлогот на буџетот за 2024 година, прашува професорката Мирјана Најчевска, по изјавата на премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими дека „Буџетот за 2024 е развоен, целосно се обезбедени повисоките пензии и плати, 733 милиони евра капитални инвестиции…



„Ма, не ме интересира што тресе Ковачевски и како мали Џокица ни го раскажува текстот на Буџетот. Ме интересира да го видам предлог Буџетот. Како граѓани имаме право да го видиме текстот на Буџетот во подготовка“ вели Најчевска и во уште една објава на Фејсбук прашува:

„ПРЕДЛОГОТ НА БУЏЕТОТ Е ПРОГЛАСЕН ЗА ДРЖАВНА ТАЈНА? НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ГО ВИДИ СЕ ДОДЕКА НЕ ДОЈДЕ ДО СОБРАНИЕ? ЗА ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ КОМЕНТИРА, РАСПРАВА, ПРОБЛЕМАТИЗИРА? ТУКУ САМО ДА СЕ ШЛАКААТ ПАРТИЈСКИ ФЛОСКУЛИ?“ – пишува професорката.