Професорката Мирјана Најчевска реагира на „наивната“ изјава на заменик министерот за внатрешни, Назим Буши, дека навистина престојувал во претседателски апартмнан во скап хотел во Истанбул, но дека не знае кој ја платил сметката.



Буши не знае кој платил и колку чиунел престојот во хоотел во Истанбул…

„Овој човек треба да биде веднаш разрешен од функцијата која ја врши, а потоа против него и против неговиот директно надреден/надредени да се поведе соодветна постапка.

Максималната вредност на подарок за функционер е 20 евра.

Секој подарок кој го прима висок функционер во власта (посебно во министерството за внатрешни работи и посебно од странец) мора да биде испитан и да се утврди дали претставува облик на корупција и/или загрозување на безбедноста на државата“, пишува Најчевска на Фејсбук.