Професорката Мирјана Најчевска о објава на Фејсбук објаснува како гледа на францускиот предлог кој треба да ги реши спорните прашања меѓу Бугарија и Македонија и треба да го отв ори патот на Македонија во ЕУ.



„Како гледам јас на францускиот предлог?

Влегуваш во натпревар пред кој потпишуваш договор дека другата страна има право да внесе правила на игра кои и даваат предност од 5 гола.

Во текот на играта другата страна може да ги менува правилата на игра и цело време ќе супервизира како се спроведуваат овие промени и ако не е задоволна може да го прекине натпреварот и да добие бодови за победа“, пишува Најчевска.