„Исмет Рамадани треба да одговара за поттикнување на етничка и национална нетрпеливост“.



Ова е реаакција на Фејсбук на професорката Мирјана Најчевска по синоќешната караница во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“ во која во еден момент се вклучи и директорот на Телевизијата, Иван Мирчевски, кој побара од аналитичарот Рамадани да се извини за наводите дека Канал 5 шири дискриминација кон Албанците и – ја прекина емисијата.