Се поверојатно е дека бегството на Груевски го организирал неговиот долгогодишен партнер и соработник во криминалот – ДУИ, тврди професорката Мирјана Најчевска која бара отсуството на сериозна истрага и измотавањето со јавноста да заврши.
“Или дајте резултати од истрагата или поднесувајте оставка. Од министер за внатрешни работи, преку министерка за правда, преку Републички јавен обвинител, па судии и секако оние од СЈО кои не побарале притвор за Груевски”, вели Најчевска која предходно ја критикуваше и владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа бегството е очигледно политички организирано и политичарите треба да одговараат.
“Заштитата на организаторите и заташкувањето на трагите кои водат кон политичкиот помагач е кривично дело”, заклучува професорката.





