Најчевска до СДСМ: Сите ли одеднаш станавте Ковачев?

„Навистина сите во СДСМ не разбираат дека предлогот на Франција е лошо решение за Македонија?



Сите одеднаш станавте Ковачев.

Па што да очекувам од ДУИ ако вам ви е ова прифатливо“, реагира професорката Мирјана Најчевска на вчерашната одлука на Централниот одбор на СДСМ да се даде „зелено светло“ за францускиот предлог

Во одвоен пост на Фејсбук Најчевска пишува:

„Како безусловно ќе ги почитуваме јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ како елементи за кои не се преговара ако се откажеме од сите дејци на минатото, ако се откажеме од литературата, ако се откажеме од борбата за самобитност, од Миладиновци, и Гоце и партизаните и …

Што ќе остане?

Единствен компромис кој го прифаќам е дека постојат две различни перцепции.

Рамноправни. И тие треба да се презентираат.

Меѓутоа никако не смее да се нарече компромис доминацијата на една перцепција“, констатира Најчевска.