Професорката Мирјана Најчевска ја коментира пораката од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, до Западен Балкан дека пари од Европската унија ќе има само за оние земји што имаат волја за реформи.
„А вака да ја условевте Бугарија? Ќе има пари за Бугарија ако го признае своето фашистичко минато како прв чекор во надминувањето на истото, ако престане да пројавува отворено асимилаторски намери кон Македонија и ако почне да ги спроведува одлуките на Европскиот суд за човекови права“, реагира Најчевска за пораката од Фон дер Лајен на самитот во Тирана: „За оние кои сакаат да одат напред и да ја подобрат економијата, нашите врати се отворени. Една од главните теми ќе биде економијата на Западен Балкан. Затоа го воведов планот за раст. Сакаме да им овозможиме пристап до заедничкиот европски пазар. За ова ни требаат реформи во Западен Балкан и оние кои имаат волја за реформи ќе добијат средства од Европската Унија. Тоа е стимул за оние кои навистина сакаат да одат напред. Нашите врати се отворени“.






