Професорката Мирјана Најчевска реагира на новото „упатство“ на ДИК според кое во вториот изборен круг, ќе важат и ќе се бројат и гласачките ливчиња на кои ќе нема печат од избирачкиот одбор.
„Член 109…
(2) Гласачкото ливче се откинува од кочанот на блокот по нумерички редослед, му се става печат на предната страна и потоа му се дава на избирачот.
…Според старото упатство (https://drive.google.com/…/16I0jGeP9vsJg25nwJwf6sn…/view).
Според новото упатсво на ДИК: Не мора да има печат.
Ова значи дека секој кој си има печатница може да си отпечати ливчиња?
Ова значи дека ДИК носи решение спротивно на Законот?
Заради ова се поништуваат цели избори и се почнува одново. Се разбира сите членови на ДИК се гонат кривично и се избира нова комисија“, предупредува Најчевска.








