„Понекогаш мислам дека живеам во паралелен свет со функционерите.
На една страна сум јас која гледа држава со енормна корупција, непотизам, владеење на неправото, криминал и неказнивост за секој кој е на власт.
На друга страна се тие (функционерите) кои живеат во просперитетна, демократска држава, во која владее правото, професионалците се на правите места, сите имаат иста заштита и еднакви права, криминалот е во опаѓање и секој кој е на власт е апсолутно одговорен за секоја своја активност.
Некој од нас живее во виртуелен свет.
Се прашувам кој?
Објава на Фејсук на пофесорката Мирјана Најчевска







