Реакција на професорката Мирјана Најчевска на денот кога министерот за јавна администрација од ДУИ најави дека во администрацијата треба да има 31 процент Албанци и по суспензијата на јавната обвинителка Вилма Русковска која почнала предистрага за кадар на ДУИ за Ер Тракторите.

,,Сега нека дојдат Американците да си ги соберат пулените од ДУИ.
Како што знаеа да ги штитат за време на конфликтот од 2001 година сега нека дојдат да ја заштитат демократијата која очигледно ја поткопуваат истите тие кои ги штитеа на секој чекор”, порачува Најчевска која прашува како тоа меѓу лицата од претходната власт за кои течат судски процеси нема ниту еден член на ДУИ?
,,ДУИ постоело во некој паралелен свет? Не било дел од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и од неговиот криминал?
Мислите дека сме толку глупави или толку уплашени за да не го гледаме проблемот”, пишува Најчевска за феноменот на неказнивост за функционерите на ДУИ.






