Професорката Мирјана Најчевска реагира на изјавата на поранешната шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, според која македонскиот претседател Стево Пендартовски „ѝ служел на политиката на Србија и Русија на Балканот“.
Ахахахаха,ова е она кој си ја има мувата на капата.
Во сите извештаи и истражувања направени во рамките на ЕУ Бугарија е идентификувана како држава во која Русија има најголемо влијание и цврсто упориште во власта.
Впрочем Бугарија, а не Македонија беше поттрчко на Советскиот Сојуз, и бугарските тенкови беа поставени на границите на Југославија во врска со спорот со Коминтерната токму во својство на извршители на наредбите на Коминтерната.
Значи некој дефинитивно сака да ја ревидира историјата, ама тој некој не е Македонија“, објави Најчевска на Фејсбук.






