Професорката Мирјана Најчевска дава свое видување што значи внесувањето на Бугарите во Уставот на Македонија.
Во објава на Фејсбук Најчевска вели дека тоа е:
гаранција дека ќе започнат преговорите со ЕУ,
гаранција дека ќе започне процес на агресивна асимилаторска политика на Бугарија кон Македонија и
гаранција дека Македонија ќе биде ставена во подредена положба во сите натамошни преговори со Бугарија.
Не е гаранција дека Македонија ќе влезе во ЕУ“ – вели Најчевска.
„Мора да седнеме и да побараме опција која ќе не задржи на европскиот пат, но нема да не стави во подредена положба во однос на Бугарија.
За вакво нешто треба да се формираат работни групи а не за меѓусебно убедување и надмудрување“, препорачува професорката.






