„Уставни измени во Македонија единствено доколку се направат фактички реципрочни уставни измени во Бугарија.
Ние треба да ја користиме ЕУ како оружје. Имено да потсетуваме цело време на принципите и стандардите на ЕУ.
Ако сами не бараме зошто ЕУ би се тепала за нас?
Зошто некој би ги водел нашите битки?
Западот не ѝ помагаше на Украина се додека не виде дека сами се бранат и спремни се да се борат.
И нам нема да ни помогне во спорот со Бугарија се додека не види дека самите се бориме и бараме еднаков третман на државите и малцинствата во двете држиво согласно меѓународното право.
Фејсбук статус на професорката Мирјана Најчевска околу бугарските уцени, барањата за вметнувањер на Бугарите во Уставот и односот на ЕУ кон македонско-бугарскиот Договор за „пријателство“







