Најчевска: Ахмети е глава на мафијата, регистрирана како ДУИ, која ја поседува државата 22 години! – На фб го велича тероризмот од 2001!

Али Ахмети е попознат како глава на мафијата, регистрирана како политичка партија ДУИ, со која се промовираат европските вредности на оваа мафија, простете партија. Фотографиите на неговиот фејсбук-профил се величање на терористичките акции и учесниците во овие терористички акции од 2001 година и средбите со високи функционери од западните држави, кои овозможуваат Али Ахмети да биде мафија, што ја поседува државата во изминатите 22 години.“реагира универзитетската професорка Мирјана најчевска на својот фејсбук-профил.



Најчевска пишува: Ова е еден од тие школски примери како национализмот, негуван кај една мнозинска етничка група се враќа како бумеранг во уште понакараден национализам кај помала етничка група.

А во напис на фб Али Ахмети ни ја објаснува целта на коридорот 8: 109-годишнината од Денот на албанското знаме и на независноста на Албанија нè наоѓа повеќе обединети и поблиски еден до друг. Албанската нација денес треба да биде обединета. Го заокружуваме прстенот за поврзување на нацијата со Коридорот 8 и поврзувањето до Блаце и Ќафасан со автопат. Следен проект е енергетско и железничко поврзување со Албанија и максимално поедноставување на граничниот премин со Албанија и Косово, како и многу други проекти. Нашите новели на славата, Скендербег, Исмаил Ќемали, Иса Болетини и Адем Јашари нè обединуваат околу албанското знаме и целта на обединувањето.“

Али Ахмети не е националист. Тој е мафијаш, кој го користи национализмот како завеса од чад за покривање на криминалните дејства на мафијата. А ние самите создадовме плодна почва, на која лесно вирее национализмот.